(ВИДЕО) Петковски: Арсовска не ги реализира важните проекти за Скопје, на граѓаните им е доста од оправдувања

Од:

„Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во првите три месеци од мандатот нема направено ниту еден проект. Нивелирање две – три шахти и неколку мобилни тоалети не се проекти ниту имаа врска со развојот на градот“, рече Петар Петковски од СДММ.

„Постоечките големи проекти кои Арсовска ги прекина, започнати од претходната локална власт, се важни, стратешки проекти кои гарантираат соверемен развој на Скопје.

Ништо не се прави за најзначајниот проект за еколошки и брз градски транспорт за кој веќе има обезбедено 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

Дали Данела Арсовска дефинитивно се откажува од проектот Бас рапид транзит? Стои и изградбата на мостот во Карпош на Љубљанска за кој исто така се обебзедени средства.

Арсовска не ја продолжува ниту реконструкцијата на Универзална сала која е започната и за чија реализација се обезбедени пари од Владата.

Се уште не е завршен капиталниот проект – мост на реката Вардар во Аеродром. Повторувам, ова се капитални проекти, со големо значење за стратешкиот развој на Скопје. Со досегашната неработа Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Скопје.

На граѓаните им е доста од оправдувања и изземање од одговорност, тие очекуваат реализација на крупни, капитални проекти“, изјави Петар Петковски од СДММ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар