(ВИДЕО) Петкова: Брутално насилство врз 10 месечно бебе во градинка во Гевгелија

Од:

Брутално насилство врз 10 месечно бебе во градинка во Гевгелија. Директорката Елизабета Стефановска, поставена од министерката Јована Тренчовска молчи и го крие инцидентот. Во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случи брутален инцидент, 10 месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата, изјави денес Ангелина Петкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена од Јована Тренчовска се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во Полиција го пријавува родителот на бебето ден потоа.

Елизабета Стефановска е директор на детската градинка „Цветови“. И за истата да остане директор на градинката како кадар на Социјалдемократскиот сојуз, и покрај големиот број на пропусти во работењето министерката Јована Тренчовска му ги одзема ингеренциите за детските градинки на територија на општина Гевгелија на градоначалникот Андон Сарамандов.

Мандатот на Стефановска иако завршен и е продолжен од страна на министерката Тренчовска. Тренчовска му ги одзема ингеренциите за да можат директорите на Социјалдемократскиот сојуз да продолжат да ги држат функциите додека условите во градинките се сѐ полоши. Повредите со какви се стекнало 10 месечното бебе се големи. И реакција и одговорност мора да има.

Ова не е прв инцидент откако оваа директорка менаџира со градинките во Гевгелија, сличен инцидент имаше пред две години, а минатата година кога снема огромни количини на нафта во градинката институциите повторно затаија со реакција. Ова е втор инцидент на дете со големи повреди во мандат на истата директорка. Уште што треба да се случи за истата да биде сменета?

Затоа повикуваме. Одговорност за инцидентот мора да има. И треба да бидат санкционирани со отказ и да се поднесат соодветни пријави. Ја повикуваме министерката да ја разреши директорката и да поднесе соодветни пријави заради прикривање и не преземање дејствија. Во исто време наместо да продолжи со самоволието министерката Тренчовска да ги врати ингеренциите на градоначалникот Андон Сарамандов, и да не се меша во работењето на градинките, зошто гледаме до каде не донесоа партиските кадри на Социјалдемократскиот сојуз во институциите – рече Петкова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски