(ВИДЕО) Петрeски: Aмбасадорите на САД и ЕУ итно да дојдат во Охрид за да видат што се случува

Од:

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид , Александар Петрески бара од Амбасадата на САД во Скопје под итно да испрати мониторинг тимови во Охрид со цел како што вели да не се дозволи да се случувало она што на терен во Охрид се случувало изминативе денови

„Упатив писмо до амбасадата на САД, до канцеларијата на ЕУ и до ОБСЕ под итно да испратат во Охрид екипи за мониторинг затоа што веќе во минатите два дена и денес се прави хаос во Охрид од полициски службеници било во униформа било во цивил, од страна на инскептори од УЈП , пазарната инспектори и други службени лица кои се под капа на централната власт. Се повикуваат наши сограѓани во хотел Милениум каде што се сослушуваат и им се закануваат и ги убедуваат да преминат и да работат за нив.Затоа го барам мониторингот да биде во Охрид до недела“ рече Петрески

Додека СДСМ садеше дрвца по повод денот на пролетта, ВМРО ДПМНЕ го кршеше нашиот изборен штаб во населбата Воска,рече Петрески

„Затоа време во Косел и неколку делови во градот шетаат неовластени лица и делат решенија за даноци на имот кој се фалсификат и дека се наводно потпишани од мене, со цел да направат револт кај граѓаните. Ги повикувам граѓаните да не ги примаат тие решенија бидејки тие решенија се фалсификат, а тие луѓе не се вработени во општината“ рече Петрески

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември