(ВИДЕО) Пешевски: Одземањето на пасошот е казна пред да бидам осуден

Од:

Поранешниот вицепремиер задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, обвинет во случајот на СЈО, „Траекторија“, пред Апелациониот суд рече дека е шокиран од обвинението и дека направил многу за државата. Тој изјави дека отворил над 10.000 работни места и со ниту една негова постапка не направил прекршок.

Пешевски пред Кривичниот совет речедека дел од тезите во обвинението за сметките кои наводно тој ги имал во Македонија и во странство, обвинителите на СЈО ги презеле од портал без импресум „Охридскај“.

Според поранешниот вицепремиер наводите на СЈО се лажни и одземањето на пасошот е казна уште пред да биде осуден. Како што рече, очекува судењето да почне уште утре за да може да ги чуе наводите од обвинението.

Адвокатката на Пешевски, Светлана Савиќ изјави дека жалбата на СЈО за притворот е неоснована и рече дека е фасцинирана од леснотијата со која СЈО ги изнесува фактите.

Како што кажа Савиќ, наводите на СЈО дека екс-вицепремиерот има 24 банкарски сметки во 6 банки во Македонија и дека дипломатскиот пасош на кој се повикува СЈО како можност за бегство е поништен.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, изјави дека Пешевски контактирал со еден од сведоците повикан во СЈО. На тоа адвокатката на Пешевски прочита транскрипт од разговорот помеѓу сведокот и Пешевски во кој, како што рече, се договараат за сведокот да ја каже вистината пред обвинителите на СЈО.

Според СЈО, двајцата останати сведоци кои не се сослушани постои можност да бидат под влијание на Пешевски, со оглед на фактот дека досега не биле во Македонија.

На јавна седница денеска беа разгледани жалбата на Пешевски за одземање на пасошот и жалбата на СЈО за неизрекување мерка притвор против поранешниот вицепремиер. Апелација има рок да одлучи по жалбите во рок од 48 часа.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“