Ученикот Дејан Рајковски, еден од тројцата претставници на Средношколскиот пленум што денеска се сретнаа со вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот Адеми и заменик министерот Ристовски, кажа дека во текот на дискусијата вицепремиерот Пешевски лично му се обратил со зборовите „знам кој те праќа“.
Ученикот Рајковски не знае на кого мислел вицепремиерот и што сакал да му порача.
Денешната средба меѓу МОН и средношколците се одржа под мониторинг на претставници од Народиот правобранител, Хелсиншкиот комитет и Детската амбасада „Меѓаши“, на барање на средношколците, кои вчера рекоа дека стравуваат од манипулации.
А.Б.