(ВИДЕО) Пешевска: Секојдневно се врши злоупотреба на државните институции за поддршка на изборната кампања на СДС

Од:

„СДС е во паника од поразот што ги очекува и врши масовна злоупотреба на институциите во предизборниот период.

Институциите се целосно партизирани и парализирани. Институциите не ги исполнуваат обврските што ги имаат, туку се ставени во функција на кампањата на СДС. Мислат дека со злоупотреба на функциите ќе им помогнат на своите неспособни кандидати за градоначалници. Се лажат!

СДС е во паника и затоа злоупотребува буквално се. Од возила, простории и други материјални ресурси, па се до човечки ресурси. Се е блокирано затоа што министрите и нивните партиски функционери по институциите се зафатени со митинзи и партиски активности. Ова се сериозни нарушувања на предизборниот процес и мешање на државата и партијата.

Ова не е фер и демократски изборен процес.

На овие избори кои ги организира СДС, како и сите изборни циклуси кои ги организирала оваа партија, не важат ниту закони, ниту препораки, ниту принципи. За време на целиот предизборен процес на најгруб начин се прекршуваат законите и препораките на Прибе на кои СДС најчесто се повикуваше.

Секојдневно се врши класична злоупотреба на државните институции, функции и ресурси за поддршка на кампањата на СДС за локалните избори. На сите партиски настани неизбежен декор се министрите и директорите на државните институции кои промовираат мерки на локални избори.

Спротивно на Законот за внатрешни работи и законот за полиција, полицијата е целосно ставена во служба на кампањата на СДС. Министерот Оливер Спасовски држи говори и остварува средби со граѓани. Неговите советници и раководители, повеќе се фотографираат во партиски штабови отколку што доаѓаат во своите канцеларии и на своите работни места.

Се врши злоупотреба и на министерството за труд и социјална политика, а Мила Царовска оди од една на друга партиска средба и ги манипулира граѓаните лажејќи ги со разни проекти и убедувајќи ги дека средствата кои законски им следат ги добиваат благодарение на СДС.

По истиот принцип работат и Заев, Анѓушев и Шекеринска. Сите државни ресурси се ставени во контекст на изборната кампања. По истиот принцип работат и претседателите и членовите на општинските изборни комисии предложени од СДС. Наместо да бидат неутрални и да ги стават во мирување партиските обврски, тие брзаат по партиските митинзи за да се фотографираат со функционерите.

Меѓународните набљудувачи се должни да интервенираат и да ги нотираат овие сериозни прекршувања на Изборниот закон за да може да се исчисти дамката која што е фрлена врз изборите.

Граѓаните својот одговор за лагите и злоупотребите на СДС ќе го дадат на 15-ти октомври“, изјави Жаклина Пешевска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања