ВИДЕО: Персоналот од клиниката за трансфузиологија спасиле мајка и кутриња заглавени под плоча

Од:

Несекојдневна спасувачка акција на мајка и нејзините младенчиња кутриња е изведена од персоналот на Клиниката за трансфузиологија, соопшти Анима мунди споделувајќи видео од настанот.

„Во време на суровост и насилство врз животните во Република Македонија, со задоволство Ви го приложуваме видеото на несекојдневна спасувачка акција на мајка и нејзините младенчиња, изведена од персоналот на Клиниката за Трансфузиологија. Тие без миг двоумење успејаа да спасат мајка со мали кутриња кои на, за нас нејасен начин, завршиле под бетонска плоча и дупка во дворот на клиниката. Докторите ја кренаа плочата, не се штедеа да се извалкаат и влезат во дупката за да ги извадат животните. Мајката и малецките туку што прогледани кутриња се на безбедно, згрижени од актерката и активистката Ајета Реџеповиќ и госпоѓа Лидија, исто така голем активист“ велат од здружението Анима мунди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Маж со пушка пукаше во група кучиња-скитници, усмрти едно од нив