(ВИДЕО) Перински: За сто дена влада СДС направи се спротивно од она што го говореа претходно

Од:

„Лагата е лага“.

И тоа е единственото нешто во кое што го бива и Заев и луѓето околу него.

Социјалдемократскиот сојуз ги потценува граѓаните и ги смета за луѓе со кратка меморија, луѓе кои што можеш многу лесно да ги изманипулираш.

Главниот аргумент за непризнавање на изборните резултати им беше лагата за наводни 500.000 фантоми во избирачкиот список. Ги прашуваме Заев и Шекеринска каде исчезнаа 500.000 фантоми од претходните парламентарни избори? За оваа фрапантна бројка од фантоми кои живеат во државата, Социјалдемократскиот сојуз ја лажеше македонската јавност 3 месеци пред изборите. 500.000 фантоми одеднаш ги снема, а избирачкиот список се зголеми.

Зоран Заев во декември пред изборите лажеше дека, доколку ги изгуби изборите утредента веднаш ќе си даде оставка од функцијата претседател на Социјалдемократскиот сојуз.

Очекуваното се случи, Заев ги загуби изборите, а оставката никаде ја немаше.

Заев лажеше за 500 евра просечна плата, а само после сто дена влада просечната плата се намали.

Заев лажеше дека ќе имало дебата за сите прашања, а склучуваше договори со соседни држави без да ја консултира барем стручната јавност, а камоли граѓаните.

Заев лажеше за повисок стандард за земјоделците, а денеска им ги крати субвенциите на земјоделците.

Заев лажеше за слобода на медиумите, а денеска гледаме заплашени и уценети медиуми.

Заев лажеше за заробена држава, а всушност тој ја зароби државата.

Лагите на Заев не држат ниту сто дена. За сто дена влада направи се спротивно од она што го говореа претходно“, изјави Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат