Во вчерашното сценарио за „отчетот“ на ВМРО-ДПМНЕ, наместо договорениот пензионер Страхил, познат од пропагандниот спот за редовната пензија и бесплатното возење со жичарата, се појави пензионерот Драган.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го повика пензионерот Страхил на сцената, и го најави Господин Страшо, дали е тука, да се качи на сцената. Еве го доаѓа. Како сте, како со здравјето?
– Јас сум господин Драган, Страшо беше тука ама си замина, го исправи пензионерот.
Драган се пофали дека е задоволен од бесплатното скијање, а министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои го слушаа се смееа.
– Пензионер сум и јас, спомнавте многу работи, но не и скијањето, идеме таму на жичарници, на скијање, бесплатно е, можете да се скијате колку сакате, тоа ништо не се плаќа, се заблагодари пензионерот за една од бесплатните мерки на владата.