А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) СДСМ: Власта прислушувала со години!

by А1он05/03/2015 - 15:0805/03/2015 - 20:28172
Share0

Здружената опозиција до основното јавно обвинителство достави проширена кривична пријава за неовластено прислушување. Професорот Стево Пендаровски посочи дека членови на опозицијата се прислушувани четири години.

Добивај вести на вибер

„Денеска до Основното јавно обвинителство поднесовме проширување на кривичната пријава, што претходно беше поднесена за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање“, рече Стево Пендаровски.

Станува збор за прислушување на луѓе, вели тој, без налог, само заради нивните политички активности. Доказите кои ги имаме и кои ги приложивме кон пријавата, со прислушуваните и тонски снимани разговори, се однесуваат на временски период од 4 години.

„Искрено се надеваме дека проширувањето на кривичната пријава нема да ја доживее судбината на првичната кривична пријава, за којашто до сега немаме никаков абер што се случува. Ниту зошто обвинителството до овој момент не постапува воопшто по онa што беше поднесено пред десетина денови.

Бидејќи сите сме легалисти, сакаме да веруваме дека институциите на Република Македонија конечно ќе се одважат и ќе постапат по кривичната пријава за еден масовен злостор против човековите слободи и права, за прислушување на илјадници и илјадници граѓани на оваа земја без било каков повод и причина.

Немаме верба во луѓето кои актуелно ја водат оваа институција. Меѓутоа веруваме дека сите останати, меѓу кои има професионални, стручни кадри, доблесни луѓе, овој пат нема да одмолчат и во интерес на нашата заедничка, подобра иднина, ќе постапат по пријавата, ќе ја процесуираат понатаму и ќе ги санкционираат оние кои го правеле ова злодело против сопствениот народ“, заврши Пендаровски.

bombasdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен