Претседателот Пендаровски изрази поддршка за работата на СЈО потенцирајќи дека треба да продолжи во рамки на новиот закон за обвинитлество со истраги за висока корупција и криминал. Тој како што потенцира не се сите обвинители корупмирани и дека не може да се прогласат за неважечки сите докази на СЈО, без оглед на евентуалната кривична одговорност на одредени обвинители.
„Како што верував и јавно ја бранев институцијата СЈО во последниве 4 години и денес длабоко верувам дека институција која ќе се бори против високата корупција и криминалот на функционерите и е повеќе од потребна на нашата држава. Со својот минат труд, СЈО, не поединци, туку како институција, заедно со Преспанскиот договор даде огромен придонес за ослободување на заробената држава и за нашето приближување кон НАТО и ЕУ. Сите досегашни истраги на СЈО, сите изведени докази не можат да бидат прогласени за невалидни, по дефиниција, па дури и ако се докаже дека некои обвинители работеле спротивно на законот. Евентуалната индивидуална одговорност на еден обвинител не може да го доведе во прашања огромниот труд на целото обвинителство и сите оние докази кои се изведени во законска процедура“ рече Пендаровски.
Шефот на државата додаде дека СЈО, позиционирано внатре во системот на редовното јавно обвинителство, треба да продолжи да ги истражува криминалите на претходната власт, но, и криминалите на актуелната власт и на било која власт во иднина, бидејќи нема правна држава ако власта ги гони само криминалците на предходната власт, а не и криминалците во своите редови.
„Не се сите обвинители во СЈО и во редовното обвинителство корумпирани, не се сите судии корумпирани. Најголемиот дел од обвинителите и судиите се доблесни професионалци со интегритет. Во оваа држава имаме доволно чесни и способни луѓе со образ. Меѓутоа, тука, главната улога треба да ја одиграат политичарите, и во тоа ја гледам направената кардинална грешка“ рече Пендаровски.