(ВИДЕО) Пендаровски од Гевгелија: Да гласаме за сигурна иднина на младите

Од:

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на граѓанска трибина во Гевгелија повика на масовна излезност во недела, на 21 април и побара поддршка на концептот што го предводи за сигурна иднина и напредна Република Северна Македонија.

Пендаровски рече дека процесот на интеграции и членството во НАТО и ЕУ носат бројни економски и безбедносни придобивки за граѓаните, пред се за младите и затоа е многу важно напредокот да продолжи, да не се дозволи земјата да се врати назад.

„Само по добиената покана за НАТО, минатата година влегоа 625 милиони евра директни странски инвестиции. Толку странски инвестиции немало никогаш. Тоа е само затоа што Македонија е безбедна и стабилна држава, а перспективите кон ЕУ и НАТО се отворени. Ако продолжиме со реформските процеси, огромни се шансите да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Ова ќе донесе нови инвестиции, подобар живот кој ќе ги задржи младите во државата и ќе им отвори нови шанси. Тоа е тежок и долг, но е единствен вистински пат. Од 12 мај, моја единствена задача која вие сте ми ја дале, е да мислам и работам за подобар живот. Затоа сите заедно напред, а не назад“, повика Пендаровски.

Пендаровски посочи дека за времето на претходната власт на режимот на Груевски имало живот само за фамилијата.

Тие, рече, работеа само за својот џеб, и според показателите на Светска банка за 10 години режим од земјава се изнесени 5 милијарди евра. Сега истите луѓе кои ја опљачкаа Македонија, од други земји и од Будимпешта сакаат да ни диктираат преку нивни послушници овде. Да не дозволиме да не вратат назад, рече Пендаровски.

Пендаровски ќе се залага за правда, еднаков третман за сите, за економски рамномерен развој, нови можности, прогрес, нови работни места и напредок на младите.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно