(ВИДЕО) Пендаровски: Нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април

Од:

Денеска сум на средба со граѓаните на Охрид и охридско, после подолг временски период, и доаѓам во еден исклучително интересен временски период, кога не очекуваат веќе следната недела неколку битни решенија, за иднината на Македонија. Пред се, мислам на одлуката на меѓународната заедница во однос на еднострано договорениот датум за избори на 24 април. Знаете, тоа следи по неуставната одлука да се распушти Собранието, а продолжи да работи и ако тоа се ефектуира, практично на 24-ти февруари, ние ќе имаме распуштено Собрание и ќе одиме кон еднострано закажани избори, вели Стево Пендаровски, носител на столбот „Партнерства за демократска Македонија“.

Денеска низ разговор со граѓаните, се обидувам да појаснам неколку битни точки и еден став дека Македонија не смее да си дозволи луксуз, ни случајно не смее да си дозволи луксуз да има еднострано закажани избори на 24 април. Не затоа што е тоа нечјии ќеиф, интерес, страв, било што, туку затоа што не се обезбедени елементарните предуслови за фер и демократски избори, додава тој.

Прво, минатиот Август, според договорот од Пржино, требаше да биде договорена нормативната рамка за реформа во медиумите, значи законската рамка за  медиумите, а не практична имплемнтација. До овој момент тоа е далеку од договор, практично седум, осум месеци потоа, ние немаме нормативна рамка.

Ставовите, според него, се прилично далеку на сите од преговарачите, а очигледно дека европските стандарди во таа област ги почитува само една од четирите партии учеснички во преговорите. Избирачкиот список не е почнат со прочистување, а требаше да биде таа процедура завршена до овој момент. Ако го следиме Пржино, по сите проценки, без два до три месеци интензивна работа со претходно утвредена методологија, таа работа не може да се заврши.

Последно, но не и најбитно. Една од клучните институции на пржинскиот договор, СЈО е со месеци наназад, опструирано во својата работа и сатанизирано низ медиумите такви какви што предмалку ги опошавме дека се.

Значи, тие луѓе тамо, немаат елементарни услови за работа, немаа ни претходно, а сега изминатиов период се дополнително, присилени да се справуваат, со кривични пријави, кои замислете оние кој го крешеле законот, им го поднесуваат на луѓето кои работат во СЈО.

Накусо, иако има и други работи да се набројуваат, клучните столбови од пржинскиот Договор не се имплементирани.

Поради тоа би било не само луксуз, туку би било опасно за Република Македонија да оди на избори 24 април, со цел да се направи ќеифот на двата политички лидера, на две политички партии во актуелната влада. Тоа е ноторно познато и тоа месеци и години наназад, ја злоупотребуваат власта, која ја имаат добиено на фалсификувани избори, практично од 2012 до денеска.  

Конечно мислам дека е фер ако некој прави фер и демократски избори, ако некој сака да имаме фер и демократски избори, учесниците на тие избори да имаат минимум услови за рамноправен третман и настап на тие избори. Ако се оди на овие избори на 24 април по секоја цена, јас ви тврдам дека политичката битка нема да биде рамноправна затоа што во изборната процедура ќе имаме влезени политички партии, коалции, евентуално независни кандидати и едно злосторничко здружение. 

Чесно е сите да бидат политички субјекти зад коишто не се надвиснати вакви сериозни обвинувања за злоупотереби, имено во избирачкиот процес.

Како додаток на ова претходново, ако е точна информацијата дека минимум  тројца актуелни членови на сегашната Државна изборна комисија се под сериозни обвиненија од Специјалното јавно обвинителство, како можеме да се надеваме на кредибилен изборен процес? Ако токму тие луѓе како една третина од ДИК се под обвиненија, а треба да ги организираат изборите на 24 април.

Значи многу работи во Македонија не се расчистени и претпоставка е дека одлуката на меѓународните организации која ќе се заснова на проценките кои ќе ги направат домашните институции, пред се ДИК, ќе одат во таа насока дека е подобро да расчистеме некои работи отколку да правиме избори заради избори.

Ние такви избори имавме и во изминативе години и видовме на кое дереџе дојде Македонија, додаде Пендаровски.
 

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција