(ВИДЕО) Пендаровски: Нема начин сам по сам, заеднички во дефинитивна битка

Од:

Базичниот симбол на државата, решиле 4 – 5-мина во Владата затворени, без да ги консултираат граѓаните, да го менуваат. Да ви кажам само една компарација за каков ригиден насилен режим станува збор. Една од ретките комунистички држави во светот денес е Куба. Кубанскиот грб е донесен во 1906 година. 60 години подоцна Фидел Кастро доаѓа, има комплетна власт, ни на памет не му паднало никогаш да го менува тој грб затоа што тоа е историјата на тој народ, тоа не е приватна прчија. Нашите дури и тоа го прават.

Нема друг начин, сам по сам да ја добиеме битката за слободна и европска Македонија. Или ќе бидеме заедно или ако не бидеме заедно, да знаете дека заедно ќе пропаднеме, како држава не како поединци. Таа опасност не е потценување. Имате емитувано интервју на досегашниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, господинот Ховит. За прв пат висок европски функционер, не припадник на опозицијата, вели се плашам да не се повтори 2001 година.

10 декември е денот на човековите права. Во Скопје е закажан голем протест на Студентскиот пленум на студентите кои ќе излезат по втор пат да ги бараат своите права. Би ве замолил сите, немојте да се посрамиме како луѓе, не како опозиција и да не им дадеме случајно поддршка. Тие ја заслужуваат целата наша поддршка. Тие млади луѓе, ја пробудија совеста на Македонија. Сосема е тесноградо ако мислите дека се борат да нема екстерно тестирање на факултетите. Работата е многу поширока. Тоа се гледа од нивните очи. Тие млади луѓе се умни, тие се храбри, тие се доблесни и ние сите кои сме повозрасни, не смееме да одиме под нивото кое тие млади деца го зацртаа.

Значи заеднички во дефинитивна битка за слободна и демократска Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните