(ВИДЕО) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Од:

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните. Тој не сакеше да ги коментира изборните резултати по општини, но рече дека на ваквиот резултат влијаеле тешки политички одлуки кои биле донесени изминатите 2 години. Рече дека неговиот концепт ќе победи, без оглед на опозициските прозивки и ги повика уште еднаш гласачите на Река, да дадат поддршка, за како што рече, европски концетпт, а не деструктивен, каков што нудела Сиљановска.

„Не можам да кажам дали некој од коалиционите партнери не си ја завршил работата како што треба, затоа што за тоа треба подлабока анализа, но знаете ние имавме тешки политички одлуки: Договорот со Грција, Договорот со Бугарија и Законот за јазиците, кои не беа популарни кај граѓаните и тоа имаше влијание, но тоа моравме да го направиме заради европскиот пат на земјата. Ние ја разбираме пораката од граѓаните, а тоа е дека дел од нив не се задоволни од одредени економски проблеми, локални нерешени прашања, затоа што зад мене застанаа политички партии и можеби незадоволството се должи на нешто што го очекувале граѓаните, а не го добиле од политичарите. Не сум изненаден од резултатот и анкетите покажаа вакви тенденции, но сепак, се надевам дека гласачите ќе го препознаат мојот концепт и ќе ми ја дададт поддршката во вториот круг“ изјави Пендаровски.

На прашањето дали има договорена политичка поддршка од албанските опозициски партии, Пендаровски рече дека такво нешто нема и дека очекува секогаш за него да гласаат како личност и да биде исклучено тргувањето со гласовите.

„Таков договор засега нема, а се надевам дека нема ни да се прави. На мене не ми требаат гласови со пазарења, туѓа ми е таквата теза, затоа што по природа сум таков. Нека си гласа секој по свое убедување, а мотивот нека им биде програмата што им ја нудам“ додаде Пендаровски.

Тој не очекува бојкот во вториот круг и се надева дека ќе има цензус за успешни претседателски избори.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Нема плата ако не гласате, не може да извадите возачка, парични казни – Земји каде гласањето е задолжително

Десна на Палчо излегува на парламентарни избори: Новиот претседател на партијата носител во единицата

Александар Тодески