(ВИДЕО) Пендаровски на трибина во Аеродром: Покажавме дека можеме да создаваме поддржувачи во интерес на земјата, одиме заедно напред

Од:

Политиката која има визија, која има стратегија како да ја постигне зацртаната цел, знае како од своите опоненти да направи свои пријатели и сојузници, и токму на таков процес денес сме сведоци, порача вчеравечер заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на граѓанска трибина во општина Аеродром.

– Мојот концепт е дел сум од политика која решава проблемите. Не да ги става под тепих, туку и по цена на сопствената популарност да ги решава во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина. Доказ за тоа е посетата на грчкиот премиер. После 28 години отворени прашања денес дојде премиер на земја која е наш најголем поддржувач на евроатланскиот пат, порача Пендаровски.

Пред присутните Пендаровски порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат силни економски придобовки за нашата држава и сите граѓани.

– Во посета имавме десет министри од Атина и стотина сериозни, крупни бизнисмени и сите од нив сакаат да инвестираат кај нас. Тоа е доказ дека политиката која има визија, знае и умее од опонетите да направи свои пријатели. Покажавме дека можеме да создаваме поддржувачи во интерес на земјата, на иднината, одиме заедно напред, потенцираше Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“