(ВИДЕО) Пендаровски: Иницирам воведување орден Киро Глигоров, за придонес кон мирот и безбедноста, во негова чест

Од:

„Независна Македонија памети претседатели на Републиката кои во своите мандати оставиле силен печат врз историјата на нашата татковина со правецот по кој ја движеле земјата.

Моја најголема гордост е што имав чест да го познавам првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, господинот Киро Глигоров, исклучителен човек, политичар и државник.

Неговата улога во осамостојувањето и меѓународното признавање на нашата татковина е бесценета“, рече Стево Пендаровски, кандидат за претседател.

„Во услови кога на територијата на бившите југословенски држави војната беше на прагот, Глигоров изоде тежок и трнлив пат до конечно одвојување од Федерацијата и мирно осамостојување на нашата земја.

Неговите храбри политички потези се пример за политичар со визија и државник кој на пиедесталот на своите државнички приоритети ја имаше татковината, своите граѓани и нивниот мир.

Токму затоа, во негова чест, би сакал да најавам дека како ваш иден претседател, ќе иницирам воведување Орден „Киро Глигоров“ кој ќе се доделува на заслужни граѓани кои дале придонес кон мирот и безбедноста во државата.

Политиките на Глигоров се пример, показател, колку е важно за една држава да го задржи вистинскиот, правец на движење за нејзината иднина.

Од овде продолжувам во Струмица, од каде сакам да упатам уште една важна порака“, изјави Стево Пендаровски, кандидат за претседател.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“