(ВИДЕО) Пендаровски: Членството во НАТО и ЕУ се гарант дека земјата економски ќе јакне и напредува

Од:

„Се ближи крајот на кампањата и денес би сакал да зборувам за една тема која е многу важна и за која сум сигурен дека јас и мојот тим можеме да направиме многу.

Со гласањето на овие избори не бираме само претседател, бираме како и дали економски ќе се развива нашата земја.
Насоката во која се движиме и патот по кој тргнавме е пат на напредок, економска сигурност на граѓаните и финансиска стабилност на нашата земја“, рече кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на денешните средби со граѓаните на Маврово – Ростуше.

„По овој пат ние се отвораме кон светот, кон европските фондови, кон пазар од 500 милиони жители на кој може да работат нашите компании.

Членството во НАТО и ЕУ се единствениот гарант дека земјата ќе економски ќе јакне и ќе напредува, а стандардот на граѓаните ќе расте со забрзано темпо.

Работите конечно тргнаа во нагорна линија. Економијата се стабилизира, БДП-то почна да расте. Со почеток на преговорите и рамноправното членство во НАТО алијансата ќе го удвоиме растот на економијата.

Ги повикувам граѓаните на 21 да гласаат за да го продолжиме овој пат. Нема подобра алтернатива од оваа. ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска го нудат спротивното. Нудат застој, ревизија и блокада на се она што досега го постигнавме. Тоа значи парите да завршуваат кај фамилијата наместо како сега, кај граѓаните. А не беше лесно да се постигне ова што го имаме денес. Не беше лесно да се откочи Македонија и тоа сега не смееме да го прокоцкаме. На 21 април да гласаме за напредна и развиена Македонија, заедно напред“, изјави Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?