(ВИДЕО) Пендаровски: Битката на Заев не е лична, доказите ќе ги објавиме

Од:

„Се добива впечаток дека е тоа некоја лична борба на Заев, дека тој има нешто во џебот, никој друг околу него не знае за што станува збор и бие некоја приватна политичка битка“, рече на трибината во Кавадарци, носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски.

„Сите ние тука, прво, сме упатени за што станува збор, како и другите политички партии што се во опозицијата. И тие материјали не ги нарекуваме бомби или експлозиви. И тие материјали не се ниту негови, не се ниту мои, туку се наши, ваши, на сите нас. И кога ќе дојде време, а по мое убедување ќе дојде многу скоро време, ние сите заедно повторно ќе мораме да ги употребиме тие средства за да ги вразумиме тие што се на власт, за кои очигледно не постои друг начин да им дојде во глава дека Македонија не е приватна сопственост, дека Македонија не е акционерско друштво, на само едно семејство, или на 5-6 души, дека таа ни е дадена уште од дедо и прадедо и мораме ние да им ја дадеме на следните генерации, затоа што Македонија е вечна и мора да трае вечно.

Почитувани пријатели, доаѓа времето за соочување со целата вистина за режимот што ја држи Македонија заробена со години. Очекувам од сите вас, заедно со сите нас да ја поведеме таа битка којашто нема да биде лесна, но друг пат немаме. Јас ве уверувам дека ако заеднички, повторувам заеднички, сплотено, во наредниов период не ја поведеме и добиеме таа битка, големо прашање е дали ќе ја додржиме Македонија“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски