ВИДЕО: „Пекол“ за работниците ангажирани на проекти од државата

Од:

Фирмите ангажирани на проекти од државата не ги почитуваат препораките на владата. Иако од Министерството за здравство беа јасни-да се реорганизираат работните обрски на работниците кои работат на отворено или да се избегнува периодот од 12 до 17 часот за работа, на плоштадот во центарот на градот се работи турбо.

Во 13 часот кога екипата на А1он прошета низ плоштадот, работниците на пеколни температури го поплочуваа просторот околу споменикот „Воин на коњ“. Тие ги заменуваат старите плочи со нови токму во периодот за кој Министерството за здравство препорача да се избегнува работа на отворено.

Со исто темпо на пеколни температури се работи и на зградата на офицерски дом но и на промената на фасадата на зградата „Сити Галери“ за да го добие новиот изглед во барок за проектот „Скопје 2014“.

Иако во заштита на работниците владата носи препораки, ретко или никогаш не ги санкционира оние кои не ги почитуваат.

Иронијата во препораката е тоа што не ја почитуваат токму фирмите ангажирани од државата.

До вторник од работните обврски ослободени се трудниците и хронично болните над 60 години.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

А1он

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Почнува летното сметање на времето

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

Орце Костов