(ВИДЕО) Пецаков: Власта се што фати исуши, па така и нивото на водата во Охридското Езеро

Од:

„Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев сè што фати во државата исуши, па така и нивото на водата во Охридското Езеро кое за овој период е во алармантна состојба.

Дали Охридското Езеро за СДСМ е вештачка акумулација, па да можат со ЕЛЕМ безмилосно да го празнат за производство на електрична енергија?

Дали недостатокот на јаглен придонесува за ваквото поигрување со Охридското Езеро како да е вештачка акумулација“, прашува Кирил Пецаков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалникот Константин Георгиески да одговори што се случува со ниското ниво на водата во езерото?

Пратеничката Жаклина Лазаревска сега молчи за несовесното и неодговорно однесување кон Охридското Езеро.

Власта наместо како природен ресурс езерото го третира како акумулација за производство на електрична енергија.

Лицемерно за личен профит го опустошија езерото, но затоа ја поскапеа струјата.

Самото ниво на водата во Охридското Езеро е алармантно и е директна закана за растителниот и животинскиот свет во езерото.

Кој ќе понесе одговорност за негативните последици на растителниот и животинскиот свет?

За СДСМ ниту Охрид преку дивоградбите, ниту Охридското Езеро со нискиот водостој како да не се заштитени од УНЕСКО, но ги потсетуваме дека за сите вакви негативни последици по градот и езерото се противзаконски дела.

СДСМ претходно беа најгласни, а сега за нивото на езерото молчат. Сега се власт и како што тврдеа претходно треба да реагираат веднаш, во спротивно ќе ја докажат нивната неспособност“, изјави Кирил Пецаков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ