(ВИДЕО) Павловска: Продолжува хаосот во рудниците за олово и цинк Тораница и Злетово

Од:

Продолжува хаосот во рудниците за олово и цинк Тораница и Злетово. Од најавеното рестартирање и враќање на 1000 рудари на своите работни места од 1 јули ниту трага ниту глас. Лошата ситуација во којашто се наоѓаат рударите од рудниците за олово и цинк Тораница и Злетово дополнително се влошува и комплицира, посебно со лажното појавување на Никола Груевски, рече Изабела Павловска, член на совет во општина Крива Паланка.

„Рударите се незадоволни и со право се загрижени.

За нив е нејасно како граѓанинот Груевски најавува нови 400 вработувања кога веќе вработените рудари не може да ги врати назад?

Граѓанинот Груевски да одговори каде е ветената минимална плата од 500 евра?

Дали е точно дека Тораница и Злетово се дадени како компензација на неподмирени трошоци кон друга фирма која работела на проектот Скопје 2014?

Граѓанинот Груевски да излезе и јавно пред нив да каже како овие 1.000 семејства да ги подмират трошоците за тековно живеење и сметки, како да го поминуваат тешкото секојдневие?

Рударите не сакаат лажни, нереални, времени решенија туку вистинско решавање на нивниот проблем.

Тие повеќе не можат да ги издржат ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалните политики на Никола Груевски уништија 1000 семејства во Крива Паланка и Пробиштип.

На сите рудари им го честитаме денот на рударите и им ветуваме дека по демократските промени, за новата Влада предводена од СДСМ приоритет ќе бидат потребите на сите граѓани“, рече Павловска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни