ВИДЕО: Патниците од Милано и Венеција уште во авион ќе пополнуваат прашалник за коронавирус

Од:

Од денес патниците кои во земјвата доаѓаат со авиокомапнијата „Визер“ од Милано и Венеција уште во авион ќе пополнуваат прашалник со податоци за нивно полесно лоцирање доколку кај некој патник по слетувањето се појават симптоми на коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче денес извести дека веќе имаат договор со авиокомпанијата.

„Патниците со ‘Визер’ од Милано и Венеција ќе пополнуваат здравствена локатор карта што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса прстојуваат и доколку по неколку денови се јави некој патник со симптоми, многу лесно ќе биде да ги најдеме сопатниците од авионот, посебно сопатниците кои седат неколку реда пред и зад тој патник во авионот, согалсно алгоритмните“, рече министерот Филипче.

Прашалниккот што ќе го пополнуваат патниците во авионот е воведен како чекор за зголемување на котролата за заштита од вирусот.

Забраната за одржување јавни собори министерот Филипче рече останува до петок, кога во зависнот од состојбата ќе се донесе нова препорака.

Филиче извести дека во изминатото деноноќие немало нови пациенти коишто се тестирани за коронавирусот освен тројцата за кои веќе беше објавено дека им беше направен тестот и резултатите покажале дека немаат коронавирус. Двајца од нив беа од Италија, а третиот од Шпанија, престојувал во тамошните болнички установи заради друга здравствена причина. Кај сите тројца имало индикација за тестирање и тестовите биле негативни.

Единствената пациентка со коронавирус којашто е хоспитализирана на Инфективната клинка министерот Филипче вели дека е добра и нејзината здравствена состојба секој ден се подобрува.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски