ВИДЕО: Пародија по повод 12-ти Август – Меѓународен ден на младите

Од:

12 Август Меѓународниот ден младите, подмладокот на СДСМ од Крива Паланка го искористи за пародија.

-Меѓународниот ден на младите, за нас, младите во Македонија, а посебно од Кривопаланечкиот регион е како и секој друг ден,  синоним на маргинизираноста, инфериорноста, немањето можности за сопствена реализација и бесперспективност во државата во која живееме.

sdsmParodija (2)

Во време кога партиската книшка е еквивалент на бугарскиот пасош, во време кога 250 000 млади луѓе ја напуштија државата само во последните 10 години, а уште 100 000 чекаат прва прилика  со полни куфери, а државата се уште нема идеја како да го запре „одлив на мозоци“, велат од подмладокот на СДСМ од Крива Паланка.

Спротивно на тоа, наместо да се инвестира во иднината на младите генерации, се инвестира во споменици, жални врби, панорамски тркала.

sdsmParodija (4)

По тој повод го организиравме денешниот Флеш моб, со кој сакаме да го покажеме нашиот револт против индолентната политика на власта по однос на младинската проблематика.

Ние младите го креваме нашиот глас и се спротивставуваме на оваа појава со тоа што ги повикуваме сите млади да ни се придружат и поддржат во напорите за креирање сопствена и сигурна иднина, тука на овие простори, а не надвор од државата.

Истовремено ги повикуваме владата и ВМРО ДПМНЕ реално да се зафатат со проблемите и положбата на младите.

sdsmParodija (5)

Ги повикуваме наместо субвенционирани летови кон странство во еден правец да поработат на економскиот развој и просперитет на Македонија, а посебно Источниот регион.

Наместо секојдневните реклами и имагинарно отворени работни места реално да се фатат за работа, и настрана од првиот поглед на црвената книшка да фрлат око и на другиот дел од Македонија.

Ги повикуваме, да го отворат пазарот надвор од партиските стеги и платени пропаганди.

Ние за разлика од конформистички настроената црвено обоена младина бараме еднакви шанси, еднакви можности за докажување и селекција.

Бидејќи само така, со реална конкуренција, со компетентност, иновации и претприемачки дух Македонија може да оди напред.

Младино нека ти е честит 12 ти Август, меѓународниот ден на младите, со искрена надеж дека во скоро време ќе имаме можност вистински да му се радуваме и на овој ден и на животот“, велат СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски