(ВИДЕО) Панова: Судскиот совет да ги почитува законите според кои Иван Џолев не смее да биде избран за ВД на Основен Кривичен Суд

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува членовите на судскиот совет да го почитуваат Уставот и интересот на граѓаните на Република Македонија, а не политичките притисоци кога денес ќе одлучуваат за именување на Вршител на Должноста Претседател на Основниот кривичен суд Скопје 1. Постојат сознанија дека власта во заминување врши притисок за денеска Советот да донесе политичка, а не одлука согласно закон, и со кршење на законот и уставот досегашниот претседател Иван Џолев да биде назначен за ВД претседател на судот, само заради исполнување на политички агенди на власта во заминување“, рече Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните на Република Македонија бара Членовите на судскиот совет денеска да не подлегнат под притисоците и да не донесат политичка одлука со која за в.д на Основниот кривичен суд би го избрале судијата Иван Џолев. Напротив, очекуваме членовите на судскиот совет, телото за контрола на судската власт, да ги почитува Уставот и законите и според нив, да го изберат најдобро оценуваниот судија.

Во законот за судови е предвидено дека ,,во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседателот на судот (како во овој случај), до избор на нов претседател на судот, Судскиот совет од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови“.

Изборот на Иван Џолев за в.д. претседател ќе е директно кршење на законите и Уставот, што би го нарушило угледот на Судскиот совет и дополнително ќе ја поткопа довербата во независноста при носење на одлуките, што впрочем е и во фокусот на интересирањето на ЕУ.

Веруваме дека членовите на Судскиот совет добро се запознаени за интересот и фокусот на Европската унија и на другите стратешки партнери на Македонија, кон имплементацијата на стратегиите и методологиите донесени од Судскиот совет, пред се за Методологијата за квалитативно оценување на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на предмети, Стратегијата за човечки ресурси, како и за Акцискиот план за борба против корупцијата.

Од тука работењето на Судскиот совет и носењето одлуки согласно Закон и Устав имаат подалекусежни влијанија од оние на кусогледите политичари во заминување.

Уште еднаш, апелираме членовите на судскиот совет да ги почитуваат законите и Уставот и за в.д Претседател на суд, да го назначат најдобриот оценуван судија, оценуван токму од страна на Судскиот совет“, изјави Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски