(ВИДЕО) Панчевски: Кривични пријави за судии и стечаен управник вмешани за афера со ТАТ

Од:

Адвокатот Игњат Панчевски поднесе кривична пријава за организиран криминал против поранешен претседател на Основен суд Неготино, против В.Д. претсдетел на Основен суд Неготино, против три судии од Основен суд Битола и против Душко Јанкуловски поранешен стечаен управник на ТАТ Битола и еден адвокат.

Според Панчевски заедно сториле кривични дела од областа на своите службени положби и овластувања, како и несовесно работење во службата што сите заедно организирано во период од 2010 година правеле кривични дела на штета на седум граѓани од Неготино, сакајќи да предизвикаат штета на граѓаните во износ од 3.000.000 милиони денари в корист на Душко Јанкуловски поранешен стечаен управник на Штедилница и менувачница ТАТ од Битола.

Седумте граѓани кои ги застапува и се негови клиенти имале побарувања од ТАТ за земени кредити во 1997/98-ма а побарувањата за износот според Панчевски се случува во 2010-та.

Панчевски презентираше пред медиумите решение од 2008-ма каде Основниот суд од Битола донел решение дека се врши конечна распределба на стечајната маса на должникот Штедилница ТАТ ДОО Битола, па затоа според него неможе да има побарувања две години подоцна.

Во решението според Панчевски стои дека се заклучува стечајната постапка што се води над стечајниот должник штедилница ТАТ Битола а истата била поставена на огласната табла во судот и објавена во Службен весник.

За Панчевски е нејасно зошто дури по 6 години се обесштетуваат побарувашите од ТАТ со продажбата на злато и накит во сопственост на Соња Николовска кога одлука за тоа има во 2008-ма. Тој пред медиумите достави и документи од Централниот регистар каде пишува дека не постои фирма во стечај ТАТ ДОО Битола, па затоа и била неоснована постапката против неговите клиенти.

IMG_1157

IMG_1158

IMG_1159

IMG_1160

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува