ВИДЕО: Палеа маски, убедуваа дека короната не постои и се договорија утре пак да протестираат

Од:

Протестот без маски, а против мерките за заштита од коронавирус и вакцините продолжија пред Владата. Имаше неколку говорници кои убедуваа дека коронавирусот не постои, други пак говореа дека биле заразени, но никој од нивните членови на семејствата не се заразиле. По ова, се палеа маски. Следните протести се закажани веќе за утре во 19 часот, а присутните се договараа да се излегува секој ден.

„Што дишеме ние народе, ни маските не горат“ рече присутен на протестите откако не успеаја да запалат неколку маски.

По ова, имаше повици сите да ги горат маските.

„Гори пи*ка ти матер, гори“, рече демонстрант кој запали маска по што се запеа: „Едно име имаме, во душата го носиме, за тебе живот даваме, о Македонијо“.

Жена која се претстави дека работела на Инфективната клиника, кажа дека таа ќе умрела од вирусот, но никој од нејзиното семејство не се заразил.

„Работев на Инфективна клиника, таму добив ковид. Го прележав дома, се лекував со обичен амоксиклав. Дома живеевме во една соба, четири члена, од кои едно дете од пет години. Верувајте луѓе, лично ми се случи никој од моето семејство не се закашла. Јас ќе умрев, никој не виде болест. Никој не се зарази. А сега морам да се вакцинирам. Зошто кога можам да се разболам? Кој ми гарантира дека нема да се разболам ако примам вакцина?“, рече таа.

Таа потоа поставуваше и прашања до министерот за здравство, Венко Филипче, посочувајќи дека не сака да се вакцинира.

Жената која се претстави дека работела на Инфективна клиника му поставуваше прашања на министерот Филипче

„Зошто треба да се вакцинирам против вирус кој го уништува вода, сапун, алкохол, од кој се штитам со едно обично парче крпа ставено преку нос и уста? Зошто треба да дозволам во моето тело да се внесува нешто што не е испитано ниту на животните, да бидам вакцинирана, а од истата вакцина против која се вакцинираме можам да се разболам и со ревакцинација? Зошто не смеам да влезам во ресторан ако немам потврда, а каде ќе ме служи конобар кој не мора да биде вакциниран, а казна исто ќе ми пише полицаец кој исто не мора да биде вакциниран? Нели си Филипче малку контрадикторен? Не сакам да примам вакцина со која можам повторно да се разболам од болеста против која ја примам“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска