(ВИДЕО) Паковиќ: Ваквите режими никогаш не ја напуштаат власта без крвопролевање и борба

Од:

Кога се борите за вистината и слободата морате да бидете спремни на пресметка. Авторитарните режими никогаш не ја напуштаат власта без крвопролевање и борба. Овие режими се користат со лукавство, рече српскиот режисер Златко Паковиќ кој денеска гостуваше во антивладиниот камп на „Граѓаните за Македонија“.

Паковиќ е првиот гостин од странство кој им се обрати на камперите пред Влада. Во разговор со Владимир Милчин и Никола Гелевски, тој ја спореди ситуацијата во Македонија со онаа од времето на Милошевиќ во Србија. Појавата на национализмот тој ја издвои како сличност помеѓу српското општество тогаш и македонското денес.

– Национализмот е ништавило во движење кој уништува се пред себе. Најлоша и најзастрашувачка општествена болест.

Парадокс е тоа што национализмот во себе нема никакви националистички својства. Секој националист го мрази сопствениот народ, од таа омраза се брани и мрази други народи. Национализмот е одговор на сите фрустрации – подвлече тој.

Како што рече Паковиќ, за време на поранешна Југославија овие народи за прв пат во својата вековна историја живееле во светски дух.

– Тогаш ги достигнавме највисоките облици на мислењето и на уметноста. Ова овде е едно измислување на минатото, не е страшно кога некој ве лаже, па и кога вложува во лагата толку многу имагинација. Ужасно и страшно е кога така глупаво ве лажат – додаде тој.

Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин, пак, зборуваше за неокласичниот проект на власта „Скопје 2014“ потенцирајќи дека кичот не е безопасен.

– Културата им беше препуштена премногу долго на оние што ја изградија оваа шампита на зад нас. Премногу долго не ја сфаќаа важноста на културата и на уметноста, дозволија да се шири отров на омразата. Културата беше финансирана за да создава кич кој ќе им го олесни владеењето. Во заблуда се оние што мислат дека кичот е безопасен, напротив тој го убива критичкиот и креативниот дух кај човекот – порача Милчин.

До ова дереџе стигнавме, рече тој, затоа што молчевме предолго.

– Главите ги стававме во песок како ноевите. Но дојдовме до тоа дека крадењето не е градење туку крадење, дека кичот не е уметност, дека стиропорот не е мермер, дека патриотизмот не е омраза кон другите. Овој театар на скопските улици е оперета од најниско дереџе – посочи Милчин.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски