ВИДЕО: Падна снег, земјава е во првиот студен бран

Од:

Паѓа првиот снег на Попова Шапка. Од камерите на Шапка може да се види дека планината е обелена и покриена со првиот слој снег.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска издаде потрокалов метеоаларм поради очекувани обилни врнежи од дожд.

„Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 литри на квадратен метар, а локално и над 50 литри на квадрат. На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка“, соопшти УХМР.

Најмногу снег се очекува на повисоките планини на северозапад. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.

Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои ќе одат и во минус, а дневните ќе бидат во пораст.

Со оглед на ниските температури, во скопје е вклучено и парното греење.

Би можело да ве интересира

Сончево со мала до умерена локална облачност

А1он

Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени

А1он

УХМР најавува врнежливи денови

Повеќе облаци, малку сонце и дожд попладне

Сончево и топло со температури до 34 степени, најава за пороен дожд попладне