ВИДЕО: Ова се барањата на здравствените работници и соработници

Од:

Претседателката на одборот на медицинските сестри ги искажа седумте барања на здравствените работници и соработници.

– Под број еден бараме систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници и соработници. Под број два, квалитетна и професионална заштита на здравствениот работник и соработник. Три, самостојниот синдикат на клинички центри да биде рамноправен партнер за изготвување на нова законска регулатива од почетната фаза. Под број четири, законот за сестринската и акушерската дејност во кој ќе бидат опфатени и сестрите со средна стручна спрема и долго работно искуство. Под број пет, бенифициран работен стаж за оние профили на кои им следува. Под број шест, дополнителна работа без никакви условувања. И под број седум, законот за докторска дејност да донесе достоинствена минимална плата за секого, рече Весна Трајковска.

Специјализантот на психијатрија, доктор Билјана Додева ја истакна желбата на здравствените работници заедно со министерството да направат квалитетно и достоинствено здравство.

„Ве повикуваме заедно да ја подобриме состојбата во здравството, како рамноправни партнери со иста цел, квалитетно и достоинствено и за пациентите и за здравствените работници и соработници. Ја цениме вашата морална одговорност, ја цениме повелбата за донесување закон за докторска дејност“, рече Додева.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува