• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Отпорот на СДСМ пред градската библиотека

by А1он01/03/2013 - 15:1101/03/2013 - 15:46177
Share0

Околу стотина членови и симпатизери на СДСМ од Охрид денеска одржаа мирен протест пред НУ Градска Библиотека Григор Прличев.

Добивај вести на вибер

„Протестираме против овој режим и оваа диктатура со активен бојкот пред сите институции кои се под капа на државата“, рекоа од СДСМ.

„Во Охрид протестираме пред библиотеката за да афирмираме еден огромен проблем со кој се соочува Охрид, но и да ја потсетиме министерката за култура на нејзините лажни ветувања кои ги дава две и пол години дека проблемот со библитеката ќе се реши. Срамно и жално е град на културата како што е Охрид да нема библиотека, а со тоа да пропаѓаат и 150 000 книги кои се сместени во пакети на површина од 150 метри квадратни“, рече пратеникот од СДСМ Митре Велјаноски.

Велјаноски најави дека протестите низ цела Македонија продолжуваат и понатаму се до решавање на политичката криза во земјава која можно е да се случи само со предвремени парламентарни избори.

„Цела Европа и цел свет и сите сериозни луѓе сватија дека во Македнија има огромна политичка криза после црните настани од 24 декември и изгледа дека сите се позагрижени за состојбите во Македонија отколку владата и премиерот Груевски кој упорно глуми дека ништо не се случи во Македонија и дека се е нормално. Напротив, сите знаат сите видоа колку е сложена ситуацијата во земјава и колку се нема слух во владејачкиот врв“, рече Велјаноски.


На прашањето дали очекува СДСМ и ВМРО да бидат притиснати од страна на Европските челници кои денеска се во Скопје, Велјаноски рече дека СДСМ нема што да биде притиснат бидејќи тие го дадоа најконструктивниот предлог, да се одложат локалните избори и еден глас повеќе на локаните избори да значи и закажување на предвремени парламентарни избори.

„Јас се надеем дека ќе се најде договор и решение и не верувам дека може да бидат толку несериозни и неодговорни и да ја стават иднината на Македонија на коцка“, потенцираше пратеникот Велјаноски.

Мики Трајковски

protest

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он12/01/2026 - 15:5912/01/2026 - 15:57

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:04

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски26/12/2025 - 15:3626/12/2025 - 17:26

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 20:47

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Горан Наумовски14/12/2025 - 18:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен