(ВИДЕО) Отпор: Преку Министерството за култура се реализира најголемиот дел „забегани“ проекти

Од:

Преку Министерството за култура се реализира најголемиот дел од сите „забегани“ проекти, обвини опозицијата.

„Без око да му трепне лично Никола Груевски си се легитимираше за идеен творец на каменот и бронзата, но не кажа колку овој негов проект ги чини граѓаните.

– Лагата искажана од Груевски дека овој проект ќе чини 80 милиони евра за време од осум години, граѓаните ја чувствуваат на својот грб. Додека економската криза им го јаде стандардот, граѓаните врзуваат крај со крај.

– Овој мегаломански проект на Груевски стана џиновски змеј на криминалот и корупцијата, кој од најавените 80 милиони евра достигна вредност од 500 милиони евра“, велат од Отпорот.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија