ВИДЕО: Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Од:

Полицијата вчера го лишила од слобода 33-годишниот Ѓ.Г. од Скопје, откако при претрес во неговиот дом на булевар „АСНОМ“, извршен со судска наредба, била откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана, при што биле одземени 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки од марихуана.

Службеници од Одделот за Крим полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, стои во денешното соопштение од МВР, за време на претресот утврдиле дека лицето користи и друг стан на бул.„Партизански одреди“, сопственост на неговиот дедо.

– Исто така, со судска наредба, бил извршен претрес во тој стан и била откриена уште една илегална лабораторија за производство на марихуана. Притоа, биле пронајдени и одземени 81 стебло од растението канабис сатива, кои се одгледувале во специјално направени услови со инсталирано посебно осветлување и температурни услови. Во станот биле пронајдени и 12 помали саксии со насади, ламби, вентилатори, засилувачи и друга опрема за производство на марихуана, се појаснува во соопштението.

Ѓ.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Против лицето досега биле поднесени повеќе кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик за што и бил осудуван.

Би можело да ве интересира

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Приведен е жител на скопско Страчинци – кај него се најдени гранки и стебла од канабис

А1он

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните