ВИДЕО: Освен во Охрид и во базените, спас од горештините се бара и во Вардар

Од:

Пандемијата предизвикана од коронавирусот ги затвори границите и ги остави скопјани во своите домови во екот на највисоките температури. Некои од нив летните горештини ќе ги поминат во туристичките центри во Македонија, други велат дека ќе се разладуваат поставувајќи базени во своите дворови, но евидентно е дека опција е и капењето во Вардар.

Иако реката е загадена, скопјанец реши по долна облека да се разлади во неа во близина на скопската населба Аеродром. Отпадот што секојдневно плови не беше проблем за тој да се искапе во Вардар денес кога се очекува температурите да достигнат до 40 степени. За разлика од порано, сега нема табли со предупредување дека капењето е забрането.

Заживување на кејот на Вардар преку изградба на таканаречената градска плажа се обиде да направи ексградоначалникот Коце Трајковски за што беа потрошени над 140 илјади евра. Иако се изгради, плажата пропадна. Дури и тогаш постоеше забрана за капење во Вардар.

Деновиве и туристичките центри во државата се полни со туристи. Пред илинденските празници се полнат и капацитетите во Охрид, каде што плажите секојдневно се полни. Мислењата на граѓаните се поделени, некои сметаат дека не е ризично да се летува во рамките на државата други, пак, сметаат дека побезбедно е да се седи дома.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје