ВИДЕО: Османи пред камери ги потстрои директорите што немаат поставено двојазични табли

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи викендов со автомобил ги обиколувал иституциите за да види дали на нив има натпис на албански јазик, како што предвидува Законот за јазиците. Тој бил во придружба на директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците, Илбер Села.

Од видеото објавено на неговиот профил се гледа како Османи им се јавува и на директорите на институциите кои немаат поставено табла на албански јазик.

„Бујар Османи на телефон, како сте директоре? Се јавувам во сабота, но сакав да Ве прашам нешто. Тука сум пред институцијата, гледам таблата е само еднојазична, па каков Ви е планот за менување?“, вели Османи во разговорот.

Кога добива одговор, Османи го повторува она што му го соопштил директорот и вели: „Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите“. Потоа вицепремиерот му сугерира на директорот да комуницира со Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците за да нема грешки.

Во текот на обиколката на Скопје, Османи му објаснува на Илбер Села и детали за фонтот и изгледот на таблите што ќе се поставуваат.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Нема да употребам вето за да навредам некој јазик

Ахмети: ДУИ е ураган, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици ќе биде одржана од 19 до 21 март

Горан Наумовски

Албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во земјава порачаа од ВРЕДИ

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците