(ВИДЕО) Османи: Да бидеме смирени и одговорни, очекуваме пристојна разрешница на нашите европски интеграции

Од:

Да бидеме смирени и одговорни. Премногу вложивме, премногу постигнавме, и што е најважно, премногу сме блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса, порача денеска преку видео порака министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Свесен сум дека влегуваме во многу чувствителна фаза во која секој од нас ги брои деновите и очекуваме пристојна разрешница на нашите европски интеграции. Верувајте овие измешани чувства кај мене се уште позасилени. Три години ги водев европските интерграции и секое утро се будев со една единствена мисла – да ги започнеме преговорите, порача Османи.

Тоа, посочи тој, е нормално и човечки, но не смее да не доведе до пораз.

– Имаме премногу вложено, премногу постигнато. Едноставно сме премногу блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса. Ние немаме добиено доверба за да се нервираме или да ја проектираме таа нервоза, туку за да бараме решение. Имаме многу пријатели, кои што сакаат да ни помогнат. Многу земји, чиј што интерес, се совпаѓа со нашиот. Но и знам дека имаме силен мотив да ги зачуваме нашите европски интеграции, нагласи Османи.

Апелирам, вели тој, на смиреност бидејќи политичките набои често не соодветствуваат со реалноста.

– Во земјите членки на ЕУ и во нашите соседи во Бугарија постои чувство на одговорност и потреба за изнаоѓање решение. Затоа не смееме да ја прооуштиме оваа шанса, премногу е важно за сите нас, изајви Османи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он

Влен: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?