ВИДЕО: Оркестарот кој беше единствен сместен во групен карантин пуштен во домашна самоизолација

Од:

Оркестар „Весели момци“ кој брои девет членови кои биле во Австрија, а се од Битола и беа во групен карантин во Демир Капија, се пуштени дома за да бидат во самоизолација. Тие поминаа една вечер во карантинот на Криволак и три вечери во заводот Демир Капија каде беа преместени бидејќи се жалеа на лошите услови во касарната. Тие ги добиле резултатите од тестирањето за коронавирус, а наодите се негативни.

Zdravo Rodnini i Prinateli Sakame Da Ve Izvestime Deka Si Idime Za Doma Vi Blagodarime Na Site Sto Ne Podrzivte Sto Bevte So Nas Na Golem i Sirok Broj Da Ste Ni Zravi i Zivi Bog Da Ve Blagoslovi Site i Konecno Odime Za Doma

Posted by Menan Darabuka Perküsyon Master on Сабота, 21 март 2020

„Кончено ги земавме резултатите, негативни се. Не пуштија дома. Имаме уште неколку дена да поседиме дома. Ви благодариме на огромната поддршка на сите, голем поздрав до Самка Ибраимов. До пред една минута, тој не контактираше и не праша дали е се во ред. Тој се организираше, направи што направи, за да си одиме дома.

Тие упатија апел сите граѓани на државата да седат дома додека не помине пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Членовите на оркестарот по влезот во Македонија преку преминот „Деве Баир“ беше сместен во групен карантин на Криволак, барајќи да одат дома поради лошите услови. По една вечер, институциите реагираа и ги преместија членовите на групата во Демир Капија каде останаа до денес.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска