(ВИДЕО) Орцев: Зад срамната аболиција на Иванов стои лично Груевски

Од:

Бројот на членовите во Комисијата не го отсликува составот на ова Собрание. ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе од 50% од членовите на ова Собрание. И тој аспект, тоа што има 6 члена во комисија е неделовнички и неисправно.

Составот на Комисијата, 6 члена од ВМРО-ДПМНЕ, 2 од СДСМ, 2 од ДУИ и 1 од ДПА не се соодвестува на реалната состојба.

Не може некој да оценува работа на претседател кој што пред тоа го помилувал, па потоа го отпомилувал и ајде сега ќе го оценува пратеникот Љупчо Димовски, кој што бил аболициран од истиот тој претседател.

На секој граѓанин на Република Македонија, на секое мало дете му е јасно дека оваа одлука за аболиција, Ѓорѓе Иванов не ја донесе со некое длабоко размислување, заклучоци и анализи, туку ја донесе бидејќи Никола Груевски така му нареди.

Мора да браните криминалци да не бидат казнети и осудени. Мора да браните или да бидете соучесници со сите одлуки на Иванов, со сите одлуки на Уставниот суд, со сите налози коишто ги добивате од екипата на Груевски. И вие како пратеници морате да ги гласате тие одлуки.

Не треба да забораваме дека низ 26 градови низ Република Македонија заедно со Скопје, секој ден илјадници граѓани се токму против таа одлука која што и вие ја поддржувате, но го поддржувате и Иванов.

Срамно е и на секого му е јасно дека за секоја одлука на претседателот стои токму Никола Груевски и неговата екипа.

Кога имате претседател на држава кој ги лаже странците, кои што се одговорни за Република Македонија тогаш што можеме да очекуваме?

Ѓорѓе Иванов ви треба за да го заштити Никола Груевски. И ќе го штитите. Се што треба да изгласате е како ќе ви биде е кажано.

Времето тече и ќе дојде моментот кога тие што направиле криминал ќе одговараат таму каде што треба. Правдата во РМ ќе дојде многу брзо, рече пратеникот Панче Орцев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата