(ВИДЕО) Орцев: Ние решаваме каде ќе се движи Македонија, кон просперитет или кон пропаст

Од:

„За жал   и покрај сите наши  обиди и покрај сите настојувања на СДСМ преку борба на идеи,размислувања, програми да му дозволиме  на граѓанинот на слободен и демократски начин да одлучи кој сака да го води, тоа е невозможно. Уште во првиот круг  на претседателските избори  власта ни покажа  на сите дека нема да го почитува ниту Изборниот закон, ниту другите закони во РМ. Имаше невидени злоупотреби од страна на сите државни институции,а непрофесионалноста  на медиумите го достигна врвот.

Во последните две недели тоа ги надмина дури и сите наши  најцрни очекувања.

Оваа власт, на чело со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски едноставно го извади на виделина својот диктаторски карактер. Без ниту збор одговор на големите криминали и злоупотреби  што ги направил , Груевски даде наредба да се удри со сите  недозволени средства ,за да ја добијат Струмица на нечесен начин.  Нашата општина е полна   со инспектори од сите области , шетаат и се закануваат , се одземаат лични карти , се делат пари, се потпишуваат  лажни договори за откуп, се нудат вработувања, летаат записници за казни па дури и притварање на луѓе. Го малтретираат сопствениот народ до коска.

Едно е сосема јасно, ова не се обични избори, ова се избори за СЛОБОДА И ДЕМОКРАТИЈА. Ова се избори кои ја решаваат судбината и иднината на РМ.

Затоа Ве повикувам сите. Да излеземе и да го дадеме својот глас. Да гласаме слободно и демократски. Тоа е наше право, но и граѓанска должност. Од секој од нас зависи судбината  на оваа земја и судбината на граѓаните. Зад параванот ние сме господари на нашата слобода и иднина. Ние решаваме каде ќе се движи  Р. Македонија, кон просперитет или кон пропаст“, изјави Панче Орцев, кандидат за пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници