(ВИДЕО) Орцев: Јакнење на превенција и вложување во квалитетно државно здравство

Од:

Лошата состојба во здравство ни е позната на сите, а ЕБРД во својот извештај вели дека сме на последното место по задоволство на  граѓаните од услугите кои ги добиваат во здравството, рече денеска кандидатот за пратеник на СДСМ, Панче Орцев.

Тој истакна дека главната цел на Социјалдемократскиот сојуз е подобрување на здравството преку јакненње на превенцијата и вложување  во квалитетно државно здравство.

„Ќе ги зголемиме средствата во буџетот за превенција, како најисплатлива инвестиција. Ќе го унапредиме здравјето на ранливите групи на граѓани, ќе ги иновираме програмите и ќе ги зголемиме средствата во буџетот за решавање на проблемите на современите болести.  Ќе ја укинеме партиципацијата за лекување на деца до 14 години во земјата и странство, а ќе ја укинеме и партиципацијата за сиромашните граѓани, рече Орцев.

Ова се дел од низата мерки на СДСМ за подобро здравство и враќање на достоинството на лекарите истакна кандидатот за пратеник на СДСМ, Панче Орцев. Тој додаде дека е доста од лажните вретување на Ставревски кој шест пати кажува дека ќе го изгради медицинскиот центар во Струмица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски