(ВИДЕО) Орбан: Зачленувањето на Македонија оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија

Од:

Северна Македонија може да смета на поддршката од Унгарија на нејзиниот евроинтегративен пат. Процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Северна Македонија, туку членките на Европската Унија, изјави попладнево од Будимпешта унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

– Не само што е срамно што овој процес толку бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Северна Македонија, туку ние, членките на Европската унија. Затоа ние го поддржуваме залченувањето на Северна Македонија. Еврппската унија мора да ја подобри конкурентноста и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста од проширувањето. Досега секое проширување на Европската унија донесе само добро, рече Орбан.

Во однос на билатералните односи, Орбан рече дека трговската размена постојано расте и дека од 2010 година досега е седумпати зголемена. – Северна Македонија и Унгарија заедно со Србија припаѓаат на иста економска регија По наше мислење овој простор може да биде заедничка економска зона каде што соработката може да донесе огромен еконосмки потенцијал. Проблем е тоа што ние сме во Европската унија, а овие две држави се надвор од Унијата. Што можеме да направиме? Можеме да изградиме најинтензивни билатерални односи, рече Орбан.

Најави дека се подготвува и потпишување на меѓувладина економска спогодба.

Во однос на војната во Украина, Орбан рече дека Унгарија останува на ставот дека војната треба да прекине и дека ги поздравуваат преговорите меѓу САД и Русија.

– Три години живееме во сенката на војната. Ние ги поздравуваме преговорите меѓу САД и Русија и сме заинтересирани за успешен исход. Ние им се спротиставуваме на оние држави од Европската уинија, кои се наши пријатели и сојузници, но кои решија дека војната во Украина мора да продолжи. Продолжувањето на војната е лошо, погрешно и грешка. Во четврток за тоа ќе зборуваме во Брисел, рече Орбан.

Двајцата премиер разговарале и за миграцијата, а од страна на унгарскиот премиер биле поздравени напорите на Северна Македонија за чување на границата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Мицкоски: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нуди поволни услови и квалификувана работна сила

А1он

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Орбан: Украинските служби регрутираа Унгарeц, дејствува во интерес на опозицијата

А1он

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он