(ВИДЕО) Општина Центар: Нова пролет, нова офанзива

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на средба со новинарите најави уште една, пролетна офанзива, на општина Центар.

Во градинката “13-ти Ноември“ ќе се одвива последната, четврта фаза комплетната реконструкција, ќе се догради и реконструира постоечкиот објект во ООУ “Гоце Делчев“, децениски старата фасадна столарија и внатрешните врати во ООУ “Димитар Миладинов“ ќе бидат заменети, а во ООУ “11-ти Октомври“, општина Центар ќе изведе партерно уредување, реконструкција на водовод и атмосферска канализација.

За прв пат, најави Жерновски, ќе биде изградено основно училиште во Капиштец. По добивањето на согласноста за задолжување, општината почна со известување на банките и треба од седница на Влада да се добие согласност.

Општината продолжува со обновување на улиците и тротоарите, заедно со менување на атмосферската, водоводната и канализациска мрежа, онаму каде што е потребно. Нов изглед ќе добијат 4 улици во Буњаковец, каде што ќе се постави монтажна катна гаража за дополнителни паркинг места, на Водно ќе бидат реконструирани 10 улици, потпорен ѕид на улицата “Христо Чернопеев“ и спортско и детско игралиште на улицата “Питу Гули“. Во Дебар Маало се опфатени 7 улици и вториот дел од “Боемскиот кварт“. Маџир Маало, кое упорно се избегнуваше од претходните општински раководства, ќе добие комплетна инфраструктура, ќе се реконструираат три улици, со водовод, канализација и атмосферско одводнување.

Новата пролетна офанзива во општина Центар ги вклучува и улиците “171“ во Крњево, “Адолф Циборовски“, зад Универзална сала, која сега е во многу лоша состојба и три улици во околината на “Адвокатската улица“.

“Не го забораваме и Градскиот ѕид. Со гордост објавувам дека ќе ги разубавиме и последните запуштени делови од овој дел на Центар. Ќе се обноват 23.000 м2 зеленило и сите делови од Градски ѕид ќе добијат и современи детски игралишта и чуварска служба. Ќе ги разубавиме и реконструираме деловите зад Зелениот пазар, површините зад гимназијата ‘Јосип Броз Тито’, ‘Агромеханика’ и на делот од булевар ‘Илинден’ до булевар ‘Партизански одреди’. Ново зеленило и пешачка патека ќе добијат улиците ‘Салвадор Аљенде’ и ‘Славејко Арсов’, а дрворед, улиците ‘Загребска’ и ‘Ристо Шишков’, а дрворед – делот околу црквата ‘Св. Јован’. На Кале ќе направиме спортско и детско игралиште“, рече Жерновски.

Уште шест нови згради ќе добијат енергетско ефикасни фасади, а на задоволство и барање на граѓаните, продолжува проектот “Цел Центар на точак“. Од оваа недела, 7 возила на “Еко бригадата“ секојдневно ги чистат улиците со еколошки и ароматични средства за чистење.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар