ВИДЕО: Општина Центар ја промовираше првата социјална карта

Од:

Општина Центар, во соработка со Центарот на заедницата на општината, денеска ја промовираше првата социјална карта.

Ова, рече градоначалникот Андреј Жерновски, е исклучително важен момент, бидејќи содржи материјали кои им недостасуваат на сите институции. Овој документ ги претставува социо-економските и демографските карактеристики на општината.

„Транспарентноста, која ја промовиравме на почетокот на мандатот, ја применуваме во целокупното работење, а оваа социјална карта го потврдува транспарентното работење. Ова е прв пат во историјата на општина Центар да имаме ваков документ, кој е стратешки. Во време кога нема попис во државата, вистинска реткост и благодет е да се има ваков документ“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Овие материјали ќе служат за да се идентификуваат потребите на граѓаните и да се реализираат за поквалитетен живот.

Ова треба да е задача на сите единици на локалната самоуправа, посочи Дончо Герасимовски, секретар на општина Центар.

„Оваа социјална карта е за потребите на граѓаните и во име на транспарентноста, за да се реализираат потребите на жителите на општина Центар“, рече Герасимовски.

Promocija na socijalna karta (3)

Анализите кои произлегуваат од социјалната карта се однесуваат на: демографија, домување, пазар на труд, образование, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и социјална и детска заштита.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски