ВИДЕО: Општина Центар ја промовираше новата Веб страна „Идеи за Центар“

Од:

Општина Центар денеска ја промовираше новата интернет страница „Идеи за Центар“, место на кое секој граѓанин може да  сподели свои идеи и директно да учествува во создавањето на уште поубав Центар.

„Граѓанската партиципација за нас е значајна и ова е нашиот најнов проект за да можат граѓаните да ја креираат нашата општина. Ние во општина Центар постојано се трудиме да бидеме во директен и конструктивен контакт со граѓаните со цел да ја развиваме општината според реалните потреби на жителите“, рече на прес конференција градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Со ова ќе ја доближиме општината до граѓаните особено до младите, рече Емир Цориќ од Канцеларијата на млади на општина Центар, која и ја создаде страницата, со цел подобрување на животот во општината.

Секој посетител на страната ќе може да сподели своја лична идеја за поубав Центар, да гласа за веќе постоечки идеи или пак да дискутира за нив. Најдобрите идеи, избрани од посетителите на сајтот ќе бидат реализирани како проекти и ќе бидат финансирани и реализирани од општина Центар.

На тој начин граѓаните за прв пат во Македонија ќе имаат шанса најдиректно да учествуваат во обликувањето на својата општина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар