ВИДЕО: Општина Центар го усвои ребалансот на буџетот

Од:

Со 12 гласа „за“ и 10 „воздржани“ советниците на Центар го усвоија ребалансот на буџетот на општината.

Иако ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано на седницата за усвојување на буџетот, советничката Даниела Рангелова рече дека успеале да се изборат за интересите на народот.

– Успеавме да ја спасиме градинката и таа повторно да се вметне во буџетот и да започне да се гради за да може да се оствари интересот на граѓаните, а децата да имаат градинка – изјави Рангелова.

Ребалансот на буџетот закочи поради негодувањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за изгласаните промени со кои се предвидуваат привремени вработувања во општината. За разлика од првичната пресметка, во која за вработувања биле планирани 7.250.000 денари, со новиот буџет за оваа цел се предвидени 13.250.000 денари.

Советницните на ВМРО-ДПММНЕ го обвинија Жерновски за пренамената на парите за новите вработувања наместо за изградба на училиште.

– Кога дојдовте во општината изјавивте дека касата на Центар е, нели, празна. Како може и покрај тоа нови 23 вработувања, нели немате средства – рече советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

На ова Жерновски реплицира дека во минатиот мандат градоначалникот Тодоровиќ го зголемил за 70 вработени, односно од 65 на 135. Тој рече дека нема да се зголеми бројот на вработени во општинската администрација двојно повеќе како порано.

– Доаѓам после 13 години власт на ВМРО-ДПМНЕ на чело на општината. Јас не можам да туркам тоа што јас го планирам со луѓе кои шират друга политичка агенда. Јас доаѓам да ги довршам обврските од вашиот претходен градоначалник – изјави Жерновски.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ се пофалија дека го спречиле и донесувањето на ДУП-от за кој според нив ќе ќе била стопирана и урната црквата Св. Константин и Елена во центарот на Скопје. Од општина Центар појаснуваат дека седницата е само прекината и ДУП-овите ќе се најдат на дневен ред на нејзиното продолжение кое дополнително ќе биде закажано.

– Успеавме заедно со народот да надвладее разумот, да го спречиме Жерновски да ги донесе неразумните одлуки за поништување на ДУП-овите. За жал, не ја спасивме изградбата на училиштето и прдвидените пари за негова изградба, градоначалникот ги тргна од буџетот – изјави Даниела Рангелова.

Во усвоениот буџет е вклучена изградба на градинка во Капиштец за која се оддвоени 13 милиони денари. Исто така, Жерновски најави дека буџетот предвидува и 2 и пол милиони евра за проект идејно решение за изградба на училиште, кое ќе биде избрано на меѓународен конкурс од страна на комисија, која ќе биде составена од еден член од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и член од Министерството за образование.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории