ВИДЕО: Опасни дупки зјаат во новиот парк Ибни Пајко

Од:

Огромни дупки, необележани и небезбедени зјаат среде новиот парк Ибни Пајко, столпчиња стрчат насекаде во тревникот, а за да се направи новата улица асфалтирани се корењата на едно од дрвјата.

Има четири дупки длабоки повеќе од три метри. Тие се покрај малото плато среде паркот за кое од Градот велат дека треба да прерасне во летна сцена. Дупките се остаток од помошна просторија на Македонската опера и балет. Иако се лесно пристапни, а во паркот доаѓаат и деца и домашни миленици, нема никаков знак за да ги предупреди дека може да пропаднат.

Од Град Скопје велат дека брзале да го пуштат во употреба паркот без да ги затворат големите дупки оти сакале час поскоро тој да им биде достапен на граѓаните. За отворените дупки поделиле брошури во кои објаниле дека дека наскоро ќе бидат затворени.

„Нашиот став е дека паркот не е небезбеден. Дупките во многу скоро време ќе ги покриеме со лим. Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ја довршува конструкцијата и лимот ќе го монтираат следната недела“, изјави советникот на градоначалникот Никола Наумоски за „А1он“.

Тој нагласи дека дупките се на истото место со децении, а сега, со изградбата на платото среде паркот, тие ги одвоиле со мало бетонско цокле.

За да превенираат несреќи додека се постави лимот, од Град Скопје велат дека дупките ги оградиле со лента , но попладнево лентатат беше турната на земја, изгазена и не се забележуваше.

„Уште веднаш лентатата ќе ја ставиме на видливо место, дколку навистина е турната“, додаваат од Градот.
Четирите дупки се полни со ѓубре, градежен шут и стара облека. Ѕиркаат рѓосани вентили и остатоци од некаква вентилација.

Околу платото со дупките, во тревникот на паркот на сите страни хаотично стрчат столпчиња. Од Градот објаснуваат дека иако личи дека нема ред во нивното поставување, со нив биле обележани приватни парцели.

„Стопчињата се поставени така оти со нив е означен приватен имот. Ова беше подобро решение, другото беше да поставиме тараби“, објаснува советникот Наумоски.

Тој тврди дека бетоннирањето на едно од дрвјата во паркот било свесно и намерно.

„За разлика од нашите претходници ние сме поборници за повеќе зеленило и дрвја. Намерно одлучивме да го забетонираме, наместо да исечеме едно такво големо дрво“, додава советникот Наумоски.

Затекнатите 12 дрвја во паркот се зачувани, а со уредувањето засадени се 85 нови. Паркот беше свечено пуштен во употреба во неделата. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се пофали дека за уредување биле потреошени 0 денари преку јавни набавки, а урбана опрема била донација.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Елисафет Скуфа пред ПССЕ: По ратификацијата на Преспанскиот договор имаше изливи на „говор и акти на омраза“

Татјана Ташкова

Алијанса за позитивна Македонија со целосна поддршка на кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ

Ана Ололовска

Алијанса за позитивна Македонија бара оставка од Чавков

Предраг Петровиќ