ВИДЕО: Огромен пожар кај границата во Гевгелија, во близина на бензинска и хотел

Од:

Три часа гори борова шума близу граничниот премин Богорица, зад хотелот „Фламинго“. Во близина има и бензинска пумпа на „Окта“, за која засега нема опасност да биде зафатена, но постојано се контролира и превенира. Пожарот се шири кон границата, а за тоа се известени и грчките пожарникарски служби.

Поради ветерот, пожарот зафаќа поголем дел од шумата. Според неофицијални информации, до овој момент нема опасност пожарот да се доближи до објектите во непосредна близина. Засега, не е загрозен ниту сообраќајот кон и од граничниот премин, кој се одвива без прикини.

На терен делува противпожарната бригада, со повеќе возила и пожарникари. Непозната е причината како избил пожарот.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип