ВИДЕО: Одгледувале марихуана во село Бадар

Од:

Откриени и запленети се 109 стебла марихуана во атарот на селото Бадар.

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Оддел за недозволена трговија со дрога, реализираше случај на откривање на неовластено производство на наркотична дрога – марихуана, при што запленети се вкупно 109 стебла од растението “канабис сатива“.

По претходно добиено сознание дека во атарот на село Бадар, скопско, на десниот брег од реката Пчиња на три локации одалечени по околу 15 метри една од друга, има засадено стебла со растението канабис сатива, преземени се соодветни мерки и активности, а истовремено се применети и Посебни истражни мерки за откривање на лицата кои ги засадиле и одгледувале насадите со растението “канабис сатива“, информираше директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Љупчо Тодоровски.

Откриени се насади со растението “канабис сатива“, со висина од 20 до 450 центиметри који биле одгледувани на вкупна површина од околу 400-500 м2. При реализација на случајот, на лице место документирани се две лица, а веднаш по напуштањето на лице местото истите се лишени од слобода, и по извршеното легитимирање утврдено е дека се работи за А.Н. (31) и Љ.Д. (43), двајцата од Скопје. На споменатата локација пронајдени и одземени се предмети со кои се вршело полевање на насадот.

При извршените претреси на лицата како и во нивните домови и други простории пронајдени и одземени се: десет гранки од марихуана, целофанска кесичка со марихуана, полиетиленска кеса со семки од марихуана, полиетиленска кесичка со НН прашок жолта боја, една тегла со цвет од марихуана, поголема полиетиленска кеса со марихуана, целофанско пакување со семки од марихуана и една полиетиленска кеса со непозната прашкаста материја.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски