ВИДЕО: Одбележани 75 години од смртта на Кузман Јосифоски – Питу

Од:

Пред спомен обележјето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, во Општина Карпош, се одбележаа 75 години од неговата смрт. Чествувањето беше во организација на локалната самоуправа и Сојузот на борци на Македонија.

На денешното чествување свежо цвеќе положија повеќе организации, институции и здруженија.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој зборуваше за значењето на Кузман и сите придобивки од Народно ослободителната борба (НОБ).

– Придобивките од НОБ се големи, истите треба да ги вреднуваме и да ги пренесуваме на новите генерации.
Токму денеска, ние, новите генерации и нашата држава го положивме главниот тест на зрелост и покажавме дека сакаме сигурна, безбедна и интегрирана земја. Со нашето членство во НАТО и трасирање на патот кон Европската унија, изразивме цврста заложба дека сакаме сегашност и иднина! Во минатиот век главен предизвик ни било формирањето на државата и нејзината самостојност. Со евроатлантските интеграции ја зацврстивме сигурноста и перспективите за сите нас. Не дозволивме да бидеме заробени во минатото туку преземавме иницијатива за подобар живот и стабилност, рече Богоев.

Пред присутните се обрати и претставник од Сојузот на борците, кој на сликовит начин го опиша животот на Кузман Јосифоски – Питу, неговата младост и народно – ослободителна дејност.

За делото на Питу, денеска учат и младите генерации. Во негова чест, литературни читања имаа и ученици од основното училиште „Владо Тасевски“, од Козле.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје