ВИДЕО: Од средината на јуни бесплатен паркинг за жителите на Центар

Од:

Новиот директор на ЈП Паркинзи-Центар Саша Богдановиќ на првиот работен вест со убава вест до жителите на Центар.

„До средината на јуни ќе го оствариме проектот за бесплатен паркинг во Центар, без разлика каде живеат граѓаните“, рече Богдановиќ.

„Со ова почнува да се реализира едно од централните ветувања, а тоа е бесплатен паркинг на жителите на Центар на територијата на целата општина“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Ќе се анализираат сите можности, и ова според првичните анализи нема да биде дополнително оптоварување за буџетот.

Одговарајќи на новинарско прашање дали без да и го врачи отказното решение на претходната директорка назначил нов директор, Жерновски одговори дека тој го потпишал отказното решение, а кога е врачено не е негова работа. Изрази жалење бидејќи поранешната директорка не била на седницата на Советот на општина Центар кога се разгледувал извештајот за работењето на ЈП Паркинзи во претходниот период, кој бил негативен и доцнел.

Во врска со аферата „Галеника“, каде е уапсен директорот на Леарницата која леела и скулптури од проектот „Скопје 2014“, градоначалникот Андреј Жерновски, рече дека тој скандал тресе друга држава и затоа не сака да коментира, а се што се однесува за ревизијата, одговор може да се добие од Комисијата која ја формираше.

Премиерот вчера изјави дека ревизијата можела да заврши за 3-4 дена. Жерновски одговори дека денеска упатил барање и Државниот завод за ревизија да направи ревизија.

„Одлично е ако Државниот завод тоа го направи за 4 дена“, рече Жерновски.

Што се однесува до двајцата членови на Комисијата, Жерновски вели дека се работи за еминентни стручњаци, признати и во земјава и во странство.

„Тие беа членови на Антикорупциската комисија, која доби позтивни критики од тогашната и опозиција и власт. Барав да нема тенденциозност во Комисијата“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски